Се прости ли Трајковски со Мајорка? (Видео)

Мајорка испадна од Ла Лига и ќе мора барем една сезона да игра во шпанската Втора лига, а големо прашање е дали во популарната Сегунда за тимот од Балеарите ќе игра нашиот репрезентативец Александар Трајковски.

Вчера по пристигнувањето во Мајорка од Памплона играчите се простија меѓу себе, а како и секогаш кога ќе се загуби прволигашкиот статус, следуваат големи промени во клубот.

Шпанските медиуми објавија дека меѓу играчите што ќе си заминат веројатно ќе биде и Трајковски, кој одигра 14 натпревари за Мајорка сезонава и не успеа да постигне ниту еден гол.

Репрезентативецот на Македонија пристигна во Мајорка лани во август од Палермо и потпиша четиригодишен договор.

Со 33 бода клубот заврши на претпоследното место во Ла Лига, само пред фенерџијата Еспањол, што значи дека ќе мора да се врати во Сегунда по едногодишниот престој во Првата шпанска лига.

- Оглас -

Најнови вести