(Видео) Стоп за Јувентус од стоперите на Атлетико Мадрид и подвиг на Манчестер сити

Сосема неочекувано, двајцата стопери на Атлетико Мадрид, Хосе Марија Хименес и Диего Годин постигнаа по еден гол во самиот финиш од дербито со Јувентус и му обебзедија голема предност на својот тим пред реваншот во Торино.

Херојски подвиг приреди и Манчестер сити со два гола за пресврт и победа против Шалке 04 од 3-2, и тоа во ситуација кога имаа фудбалер помалку и негатива од 1-2.

Алваро Мората во 72-рата минута го најави фуриозниот финиш на Атлетико со гол што му беше поништен поради фаул над Џорџо Кјелини, но потоа во 78-мата и во 83-тата минута се беше чисто, а Хименес и Годин, стопрескиот тандем на клубот од Мадрид, набрзина го нокаутираа Јувентус.

Гостите притиснаа во финишот, но веќе беше доцна за почесен гол.

https://www.youtube.com/watch?v=X2OaTbirtRI

Но, за гостите на „Ауф Шалке арената“, за играчите на Манчестер сити не беше доцна и само за пет минути, со головите на Сане и на Стерлинг е направен пресврт за победа од 3-2.

Подвигот е голем, ако се има предвид дека Сити играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Отаменди во 68-мата минута, а имаше и негатива од 1-2.

Реваншите ќе се играат на 12-ти март во Торино и во Манчестер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести