Виго остана непробоен бедем за Еспањол – Селта се спаси од пораз во последен миг

Санти Мина ја спаси Селта од пораз со гол за израмнување против Еспањол во последната акција на мечот и не им дозволи на гостите од Барселона да прекинат една долга и непријатна традиција.

Уго Маљо успеа да го проигра Мина во 95-тата минута, а потенцијалниот шпански репрезентативец погоди за 1:1. Претходно, Педроса со погодок во 48-мата минута му донесе предност на Еспањол и најави дека ќе биде прекината една црна серија на клубот од Каталонија, кој не победил во Виго од 2004 година.

Серијата во сите натпреварувања е долга и сега е на 12 меча без пораз на Селта на домашен терен од Еспањол.

Двете екипи имаат скромен старт на новото издание во Ла Лига и по ремито вечерва останаа во долниот дом на едно од најсилните првенства на светот.

Селта со шест бода е на 15-тото место, а Еспањол со бод помалку е на третата позиција одоздола, или на 18-тото скалило во конкуренција на 20 екипи.

- Оглас -

Најнови вести