Викарио покажа дека е мајстор за бранење пенали, но за Емполи е џабе, загуби лесно од Аталанта (Видео)

Аталанта лесно го победи Емполи со 2:0 во првиот денешен меч од 12. коло во Серија А, а иако гостите од Бергамо промашија пенал, сепак рутински ги освоија бодовите за кам-бек на второто место.

Ханс Хатебур погоди прв во 32.минута и најави победа на фаворитот.

Десет минути подоцна Аталанта имаше шанса од пенал да зголеми на 2:0, но Копмајнерс не успеа да го надмудри Викарио, кој му го одбрани ударот.

Голманот на Емполи има одбрането три пенали во последните две сезони и е најдобар во тој сегмент, заедно со Шчесни, кој брани за Јувентус.

Сепак и Викарио не е семоќен, па прими уште еден гол во 59. минута, а го совлада Адемола Лукман за конечни 0:2 на „Карло Кастелани“ во Емполи.

- Оглас -

Најнови вести