Викенд на неверојатни добивки во Sport Life!

Викендов беше мошне успешен за неколку прогнозери, кои со скромна уплата, богато се опарија во обложувалниците на Sport Life низ Македонија. Се покажа дека се исплати кога се игра на повеќе мечеви, па во повеќето случаи добивката е поголема поради бонусот.

НАЈБОГАТАТА ИСПЛАТА ЗА ПОЕДИНЕЧЕН ТИКЕТ Е ВО КУМАНОВО

Во Куманово, на уплатното место Соколана, вчера еден прогнозер типувал на шест натпревари и на сите погодил полувреме-крај, плус дека ќе има барем по три гола, па  уплатата од 100 денари му донесе добивка од дури 626.047 денари. Станува збор за шест пара со квоти од 3.15 до 5.90, а сите се погодени без поголеми проблеми. Може да се каже дека најпроблематично беше лондонското дерби, во кое прогнозерот се надевал дека Фулам во второто полувреме нема да даде уште еден гол.

ВО ШТИП, БОНУСОТ ПОМОГНА ЗА ДОБИВКА ОД НАД 560.000 ДЕНАРИ

Одлична добивка од 562.168 денари има за ливче уплатено во Штип. Уплатата е 150 денари, прескромна сума ако се види добивката. Тука во системот има 21 меч, а за побогата добивка помогна и бонусот од 219.382 денари. На тикетот се играни 21 фудбалски натпревар на конечен тип, со квоти од 1.22 до 1.70. Доста од прогнозираните средби завршија со минимални победи, па задоволството кај прогнозерот веројатно било и поголемо откако завршија сите дуели.

КУРИОЗИТЕТ, СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ ИСТИОТ ПРОГНОЗЕР ИГРАЛ ВО ДВА РАЗЛИЧНИ ГРАДА?

Интересна е ситуацијата со два идентични тикети кои се добитни и носат речиси слична добивка (418.965 и 413.628), а се уплатени во два различни градови на спротивни страни од Македонија. Тука уплатата е по 100 денари, а бонусите се околу 175.000 денари. Играни се по 21 фудбалски меч од повеќе европски лиги. Разликата е во квотата кај еден меч, бидејќи ливчињата се уплатени во три часа разлика, па едниот коефициент е паднат во тој период.

Но, она што запрепастува тука е што едното ливче е уплатено во Кратово, другото во Охрид. Можеби е случајност како во толку оддалечени места се играни истите 21 меч со истата уплата, а можеби играчот имал друга намера при типувањето. Сепак, без разлика дали е истиот играч или двајца различни, заслужува честитки. Голот на Манчестер јунајтед во 89-тата минута за победа над Саутхемптон најави дека на ливчињата им е „судено“ да бидат добитни.

И НА „ЗАПАДОТ“ ИМА ОДЛИЧНИ ДОБИВКИ

Заслужено место меѓу тикетите на викендот кои треба да се истакнат има место и за по еден тикет уплатен во Битола, Тетово и Прилеп.

Во Битола, со уплата само од 50 денари, прогнозер доби 329.253 денари, откако погоди дури 24 меча и доби бонус од 128.489 денари. Тука има комбинација од фудбалски мечеви играни во саботата и неделата, а квотите се од 1.21 до 1.70.

Тетовчанец погоди 16 парови и со уплата од 50 денари, стана побогат за 272.099 денари. Бонусот изнесува 97.676 денари.

Листата ја заокружуваме со тикет во Прилеп. Обложувачот уплатил 100 денари на систем од 19 натпревари, играл на конечен тип и успеал да ги погоди исходите на сите средби, па ќе добие 294.707 денари. И тука помогна бонусот, во износ од 84.201 денари.

- Оглас -

Најнови вести