Викенд за паметење – Браќата Стефан и Милан Ристовски слават две фантастични победи од 7 гола разлика

Викенд за паметење имаа двајцата македонски репрезентативци и браќа Стефан и Милан Ристовски, а нивните клубови во рок од само 24 часа остварија две фантастични победи со по 7 голови разлика, и тоа на гостински терен.

Тоа веројатно е и уникатен пример во светот на фудбалот, во два дена двајца браќа со два различни клуба да слават победи со разлика од по 7 гола.

Сениорскиот репрезентативец и постар брат Стефан одигра цел меч против Белененсеш вчера на гостински терен, а се радуваше со соиграчите од Спортинг на неверојатна победа од 8-1. Тоа е највисоката победа сезонава за лавовите од Лисабон, а свој придонес имаше и десниот бек од Македонија.

Ден претходно на фантастична седмица се радуваше и неговиот помал брат Милан, кој е член на Риека, но не играше на дуелот што неговите соиграчи го добија со 7-0 против Истра во Пула.

Милан е младински репрезентативец на Македонија и тргна по стапките на својот брат Стефан, кој исто така беше член на Риека пред да замине во Лисабон, во редовите на Спортинг.

 

- Оглас -

Најнови вести