Викендов играше против Зенит, а сега ќе оди во затвор бидејќи е виновен за смртта на четиригодишно дете

Холандскиот фудбалер Раи Влоет е осуден на две и пол години затворска казна, и тоа само два дена по настапот во дресот на Урал во дуелот против рускиот гигант Зенит. Овој 27-годишен фудбалер е прогласен за виновен поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.

Возејќи со 200 километри на час, во алкохолизирана состојба, фудбалерот направил сообраќајна незгода во која настрада четиригодишно детенце. Обвинителството бараше три и пол годишна затворска казна за Влоет, но судот се одлучи тоа да биде две и полгодишна казна затвор.

Покрај затворската казна, фудбалерот доби и четиригодишна забрана за возење. Влоет има право на жалба, а доколку не го стори тоа, најдоцна за неколку месеци ќе мора да се јави на издржување на затворската казна.

- Оглас -

Најнови вести