Викендов требаше да биде фудбалски празник

Да не се случеше пандемијата со Коронавирусот, овој викенд ќе уживавме во фудбалски празник. Неколку интересни дербија од топ 5 лигите во Европа беа предвидени за денес и утре, меѓутоа првенствата се прекинати, па за фудбалско уживање ќе мора да почекаме уште некое време.

За овој викенд беше закажано големото дерби меѓу актуелниот англиски првак Манчестер сити и тимот кој ќе ја преземе таа улога, Ливерпул. Да си течеа работите во нормала, најверојатно ќе посведочевме на предавање на шампионската штафета, односно Граѓаните ќе требаше да им честитаат на играчите во црвени дресови за остварениот успех во Премиер лигата, а тоа е освојување на шампионската титула по 30 години пауза.

Во Германија ќе се играше големото „Дер Класикер“ дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, две од трите екипи кои се борат за тронот во Бундеслигата. Секако интересна ќе беше битката меѓу Лацио и Милан во Серија А, каде што Лацијалите се меѓу конкурентите за Скудетото, додека Росонерите се борат за што повисок пласман на табелата.

Ла Лига требаше да приготви два доста интересни дуели, Севилја – Барселона и Реал Сосиедад – Реал Мадрид. Штета што поради надворешни влијанија останавме без една од најдобрите занимации за викенд – бурно следење на фудбалски спектакли.

https://twitter.com/brfootball/status/1246362343338119168

è

- Оглас -

Најнови вести