Вилјареал бие две важни битки, за опстанок во Ла Лига и за бисерот Чуквуезе

Самуел Чуквуезе ја излуде одбраната на Барселона и уште еднаш сезонава блескаше во дресот на Вилјареал, па за тинејџерот од Нигерија сега се интересираат најголемите европски клубови.

Постигна прекрасен гол, а имаше и асистенција за погодокот на Екамби, вчеравечер на лудиот меч против Барселона што заврши нерешено 4-4 по многу пресврти и суператрактивен фудбал.

https://www.youtube.com/watch?v=-YeQ9z2TrWY

Чуквуезе беше најдобриот играч на домаќините, а моментно е втор стрелец во составот на Вилјареал со 4 гола во Ла Лига и 7 вкупно во сите натпреварувања сезонава.

https://www.youtube.com/watch?v=2D9PdX7HHlY

Вилјареал го купи за 500 илјади евра од фудбалска академија од Нигерија и ги престигна Монако и Порто, а сега главна задача покрај битката за опстанок е како да се задржи 19-годишниот африкански бисер.

Моментно отштетната клаузула му е 40 милиони евра, но Саму има само 19 години, игра страшно добро и таа цена без проблем би ја платиле дузина клубови во Европа.

Договорот му трае до 2021 година, а раководството на „жолтата подморница“ очекува Чуквуезе веќе летово да го продолжи рокот на престој во клубот, секако со нова многу повисока отштетна клаузула.

- Оглас -

Најнови вести