Не се остварија најавите дека легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, кој го води вториот тим на Реал, ќе стане нов тренер на прволигашот Вилјареал. По разделбата со Кике Сетјен под чие водство освоија само три бода во четири кола, Жолтата подморница мораше брзо да најде тренер, а од денеска официјално нов шеф на стручниот штаб е Пачета.
Хосе Рохо Мартин, познат по прекарот Пачета е 55-годишен стручњак кој потпиша договор со Вилјареал со траење само до крајот на сезонава. Тој има солидно искуство, во Шпанија ги водел Нумансија, Овиедо, Картахена, Еркулес, Елче, Уеска и Валјадолид, од каде беше ослободен во април. Во странство работел во полска Корона Кјелце и тајландски Ратчабури.
Дебито на клупата на Вилјареал, Пачета ќе го има на 17-ти септември против Алмерија.