Баерн Минхен и вторпат славеше над Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, овојпат со голем пресврт (4:3), но голот на мечот го имаше Арда Ѓулер во 29-тата минута, кога погоди директно од слободен удар.
По мечот Кралевите беа бесни на судиите, но токму овој гол на Турчинот, кој во моментот донесе предност од 1:2 за Реал Мадрид, беше постигнат по погрешна одлука на судијата Славко Винчиќ.
Словенецот досуди фаул над Брахим Дијас од Лаимер, но репрезентативецот на Мароко само се фрли и одглуми, а тоа може да се види и на видеото. Нема сомнеж дека Винчиќ ќе добие слаба оценка за мечот во Минхен, а една од причините ќе биде и досудениот непостоечки фаул над Дијас, по кој беше постигнат гол.

