Винисиус е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, познати се клубовите кои сакаат да го ангажираат

На „Сантијаго Бернабеу“ веќе се подготвува теренот за пристигнувањето на Килијан Мбапе, кој како слободен фудбалер ќе си замине од ПСЖ, а неговата следна дестинација се очекува да биде токму Реал Мадрид.

Токму затоа, Кралскиот клуб се очекува да се ослободи од една од ѕвездите за да се направи место за Мбапе. Се чини дека изборот на раководството на Реал Мадрид е Винисиус, кој не е задоволен од престојот во Шпанија поради расистичките испади на навивачите кон него.

Веќе се познати три екипи кои покажале интерес за негов ангажман, иако се очекува Реал Мадрид да бара 200 милиони евра за неговите услуги. Во игра се ПСЖ, Ливерпул и Челзи, но според висината на обесштетувањето, се чини дека Црвените од Енфилд се далеку од такви финансиски можности, а оваа сума можат да ја платата ПСЖ и Челзи.

Винисиус ќе има избор да оди во квалитетна екипа како ПСЖ, која игра во слабо првенство, или да оди во добро првенство како Премиер лигата и да игра за екипа која е далеку од Европа, Челзи.

- Оглас -

Најнови вести