Реал Мадрид се подготвува за избор на претседател кој ќе го води клубот во наредните години. Трката за нов претседател на Реал Мадрид официјално започна.
Во неа се наоѓаат Флорентино Перес и Енрике Рикелме, а јасно е дека се очекува голема битка за управување со клубот.
Двајцата кандидати ќе ги претстават своите планови и проекти за иднината на клубот пред членовите.
Сега е објавен и официјалниот датум кога ќе се одржи гласањето и кога ќе се одлучи иднината на Реал Мадрид.
Клубот во соопштение за јавноста објави дека претседателските избори ќе се одржат во недела, 7 јуни, во спортскиот центар Валдебебас.
Членовите кои ги исполнуваат условите ќе можат да гласаат од 9 часот наутро до 20 часот навечер и ќе одлучат кој ќе биде новиот претседател на Реал Мадрид.
Зад Реал Мадрид е разочарувачка сезона и никој во клубот не сака вакво сценарио да се повтори. Тие не освоија ниту еден трофеј оваа сезона и практично не беа ни блиску до борба за титули.
Дополнително, дојде и нов шок од селекторот на Шпанија, кој не повика ниту еден играч на Реал Мадрид за Светското првенство. Тоа е првпат во историјата Шпанија да настапи на Мундијал без играч од Реал Мадрид.

