-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Винисиус има нов договор на маса, ако не го потпише – ќе биде продаден!

Винисиус доби свирежи од гледачите на „Сантијаго Бернабе“ на мечот против Леванте од Ла Лига, бидејќи публиката го смета за еден од виновниците за лошите резултати на клубот, кои се совпаднаа со отказот на Чаби Алонсо.

Раководството комплетно застана позади него во овој тежок период, но проблемот меѓу играчот и клубот е неговиот договор кој истекува следното лето, односно во 2027 година.

Бразилецот се уште одбива да потпише продолжување, а сега на маса има и нов договор кој треба да го потпише, во спротивно ќе биде продаден. Флорентино Перес нема да чека уште долго, па да остане со празни раце, затоа и расте притисокот врз Винисиус.

Реал Мадрид веќе одби 300 милиони евра од Саудиска Арабија, а интерес за Бразилецот има и од Челзи, од каде нудат 150 милиони евра, колку што е и неговата вредност во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести