Винисиус: Ламин Јамал е способен сам да го освои Светското првенство

Ѕвездата на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Винисиус јуниор, го откри својот фаворит за освојување на Мундијалот 2026, а тоа е селекцијата на Шпанија. Воедно, Бразилецот упати и големи пофалби за талентот на Ламин Јамал, кој настапува за големиот ривал на Кралевите, акутелниот шампион Барселона.

„Шпанија е фаворит бидејќи го освои последното Европско првенство, има тим што долго време игра заедно, а тука е и Ламин, кој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Тој секогаш прави неверојатни работи на теренот. Ламин е играч способен сам да освои Светско првенство“, изјави Винисиус.

Бразилецот призна дека секогаш е чувствително кога се зборува позитивно за играч на Барселона, но потенцираше дека квалитетот мора да се почитува.

„Да зборуваш за играч на Барселона секогаш е комплицирано бидејќи навивачите веднаш почнуваат да нè критикуваат. Но, мора да им се восхитуваме на играчите што ги гледаме на теренот. Луѓето плаќаат билет за да ги гледаат најдобрите, а Ламин е еден од нив. Секако, кога сме на теренот, секогаш сакаме да го победиме противникот“, додаде Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести