Виножитото во Букурешт како симболика: после дожд, доаѓа сонце!

По обилните дождови, и сонце се појави во Букурешт, па на небото над романската престолнина се направи убаво виножито. Ова може да биде и добар знак за македонската репрезентација и потсетување дека по дождот секогаш доаѓа сонце и дека по еден пораз, нема потреба од депресија, туку да се надеваме на подобро издание на следниот меч, кога можеби ќе победиме и сонце ќе ги огрее нашите фудбалери и сите кои навиваат за нив.

Шаренилото од бои е убаво да се види, како што беше убаво и да се видат македонските навивачи кои во голем број и накитени со знамиња, шалови, дресови и други навивачки реквизити во црвено-жолти бои ги воодушевија локалните жители, кои исто така ја поддржуваат македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести