36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Винс Картер стана првиот играч на кој Торонто му го повлече дресот (Видео)

Сите 19.800 гледачи кои беа присутни во „Скотија Банк“ арената со стоечки овации го проследија 20-минутната церемонија која беше на полувремето од дуелот меѓу Торонто и Сакраменто. Винс Картер беше главната ѕвезда на вечерта, затоа што стана првиот играч во историјата на Торонто репторс чиј дрес е повлечен.

Картер помина седум години во тимот на Торонто и во просек постигнуваше 23,4 поени, 5,2 скока и 3,9 асистенции по меч. Осумкратниот Ол-стар играч и некогашен победник во натпреварот во забивање, се заблагодари на сите што му даваа поддршка додека го носеше дресот на Торонто.

„Кога дресот ќе замине горе, не оди само тој, туку и сите ние. Сеќавањата кои ги создадовме во тие шест години, вечерва одат во небесата“, рече Картер, кој го носеше дресот со бројот 15.

Меѓу многуте достигнувања, Катер во НБА држи и еден уникатен рекорд. Тој е прв и засега единствен играч кој во НБА бил дел во четири различни декади. Кариерата ја започна во 1998 година во дресот на Торонто, а потоа играше и за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто, а кариерата ја заврши во Атланта во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести