Висок е 221 сантиметар, а најави дека ќе игра на позицијата плејмејкер

Далас маверикс ќе биде еден од тимовите кои ќе треба будно да се следи во продолжението на сезоната во НБА-лигата. Рик Карлајл во составот располага со две врвни ѕвезди кои потекнуваат од Стариот Континент, Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис формираа динамично дуо кое редовно ја воодушевува кошаркарската сфера.

Противничките екипи ќе треба посебно да бидат внимателни во дуелите против Далас по најавата на Порзингис дека ќе ја смени позицијата. Литванскиот џин е висок 221 сантиметар и природна позиција му е центар, меѓутоа поседува особини на плејмејкер и неретко знае да погоди тројка, што е дополнителна опасност за противниците.

„Играта се менува, нема веќе конкретни позиции, а мислам дека и јас придонесов за тоа. Не ми е важно дали ќе играм центар, крилен центар или класично крило, што се однесува до мене можам и да ја организирам играта. Сега повеќе играм на периметарот, тренерот Карлајл знае дека сум закана за противниците на која било позиција и да играм“, истакна Порзингис.

Сезоната во НБА-лигата продолжува на 31 јули, Далас го очекува тексашко дерби против Хјустон во првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести