Вистинскиот Роналдо денеска ќе чинеше 433 милиони евра!

Луис Назарио де Лима Роналдо е фудбалерот кој ќе имал најголема вредност ако играл сега фудбал. Тоа го покажува студијата на Плеј Рејтинг, во која е земен предвид пазарот на играчи. Легендарниот Бразилец денеска би вредел 433 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од тоа што е актуелниот светски рекорд на еден трансфер. Нејмар е број 1 во светски рамки, со трансфер од 222 милиони евра, кога Пари Сен Жермен реши да го купи од Барселона.

Роналдо блескаше пред 20-тина години. Во 1997 година направи трансфер во Интер за тогаш рекордни 28 милиони евра. Во тоа време, Роналдо даде 47 голови во 49 меча за Барселона и беше најдобриот фудбалер во светот. Во дресот на Интер, Роналдо одигра 99 меча и даде 59 погодоци, но не успеа да му помогне на тимот да го освои толку посакуваното Скудето.

Интересно е тоа што Кристијан Виери, кој исто така играше во Интер и тоа по трансферот од Лацио, сега би вредел 334 милиони евра, додека ако сега Габриел Батистута решел да направи трансфер од Фиорентна во Рома, неговата цена би била 281 милиони евра.

Меѓу оние најскапи можни трансфери се споменува и тој на Диего Армандо Марадона во Наполи во 1984 година. Тогаш трансферот вредеше 10,4 милиони евра, што е смешна сума за сегашни услови. Ако се пресмета вредноста на Марадона од тоа време, тој сега би направил трансфер од 345 милиони евра.

Пред повеќе од 30 години, Милан на Ајакс му плати 7,2 милиони евра за трансфер на Марко ван Бастен, кој сега би вредел 328 милиони евра. Поскап од Ван Бастен би бил Мишел Платини. Сент Етјен од Јувентус доби пет милиони евра во 1982 година, а сега таа вредност би била 334 милиони евра.

Сепак, ова се само пресметки кои никогаш не знаеме дали би се оствариле во сегашно време. Затоа Нејмар останува да е број 1 во светски рамки со трансфер од 222 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести