Само на неколку дена пред финалето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Арсенал, во таборот на францускиот шампион владее максимална концентрација, но и голема самодоверба по минатогодишните пресметки со Tопчиите.
Витиња зборуваше за претстојниот спектакл, потсетувајќи дека ПСЖ минатата сезона го елиминира Арсенал во полуфиналето со победи и во Лондон и во Париз.
Португалскиот репрезентативец не сакаше да прави споредби меѓу сегашниот и минатогодишниот тим.
„Тешко е да се каже дали сме подобри. Ги имаме речиси истите играчи, ист тренер и иста идеја на игра. И двата тима се силни и подготвени за ваков предизвик“, изјави Витиња.
Тој потенцираше дека во финале нема фаворити, без разлика на претходните резултати.
„Финале во Лигата на шампионите е нешто сосема поинакво. Минатата година игравме трипати против Арсенал, но ова сега е еден натпревар кој решава сè. Ќе бидеме подготвени“, порача играчот за врска на ПСЖ.
Финалето меѓу ПСЖ и Арсенал се игра на 30 мај и ќе го даде новиот европски шампион.

