Владимир Кличко го спасувале од запалена јахта (Видео)

Поранешниот светски првак во бокс, Владимир Кличко, на одморот во Мајорка, имал неубава случка со среќен крај. Заедно со семјството и пријателите, Кличко изнајмиле јахта и сакаше да имаат вечерна прошетка, која не завршила убаво.

Јахтата за кратко време се запалила, а пожарот започнал брзо да се шири. За среќа, целата ситуација ја забележале од крајбрежната патрола, која веднаш пристигнала на помош. Пожарот бил изгаснет, а сите патници безбедно евакуирани.

„Бидете внимателни, кога нешто сакате, бидејќи судбината има се во своите раце. Сакав малку адреналин, а го добив премногу. Во неделата навечер се запали јахтата на која бев со моето семејство и пријателите. За среќа, крајбрежната стража веднаш реагираше и сите бевме евакуирани и спасени. Најважно е дека сите сме добро“, напиша Кличко објавувајќи видео од спасувањето.

- Оглас -

Најнови вести