Влаховиќ и Јувентус го преживеаја пеколот во Фиренца, ќе имаат меч-топка за финале во Купот (Видео)

Душан Влаховиќ и Јувентус успеаја да го преживеат пеколот што им го приредија навивачите на Фиорентина и победија со автоголот на Лоренцо Венути во 92-рата минута на „Артемио Франки“ во првиот полуфинален дуел од двомечот во Купот на Италија.

Автоголот на Венути можете да го погледнете ОВДЕ.

Влаховиќ беше дочекан во бучна атмосфера откако првпат играше за Јувентус по трансферот зимава токму од Фиорентина.

Токму Влаховиќ и Квадрадо ги имаа најубавите шанси за Јувентус, а кај домаќините Џонатан Иконе ја погоди пречката.

Во самиот финиш на мечот, несреќниот Венути си даде автогол и сега Старата дама има голема шанса да се пласира во 21-вото куп-финале.

Јувентус има 14 пехари во Копа на Италија.

Реваншот ќе се игра на 20 април, а втор финалист ќе бидат Милан или Интер. Вчера во првиот полуфинален дуел од двомечот на големите ривали од Милано немаше голови, па во реваншот, на кој домаќин ќе биде Интер, ќе се одлучува за едниот финалист во Копа Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести