Во 120-тата минута во игра внесе 16-годишен голман и потоа тој успеа да одбрани три пенали (Видео)

Екипата на Ворскла од Полтава ќе игра во финалето на Купот на Украина откако по голема драма, успеа да го елиминира Мариупал и тоа по подобро изведување на пеналите. Во регуларниот дел, мечот заврши 1:1, потоа немаше погодоци ниту во дополнителните 30 минути игра.

Кога беше јасно дека пеналите ќе го одлучуваат победникот, тренерот на Ворскла, Јуриј Максимов, направи една по малку необична измена. Во 120-тата минута, во игра го внесе 16-годишниот голман Пабло Исенко. Токму Исенко се претвори во херој на мечот откако во пенал-рулетот успеа да одбрани дури три пенали на противничките играчи и го однесе својот тим во финалето, каде што за противник ќе го има тимот на Динамо Киев.

- Оглас -

Најнови вести