Во 21 век во мода е чуден молк – Сега и Санчо не смее да дава изјави за медиуми

Жадон Санчо го постигна почесниот гол за Борусија Дортмунд на мечот со Барселона во Лигата на шампионите, а по мечот одби да даде изјава, со образложение дека не смее.

И тој има клупска забрана за контакт со претставниците на седмата сила и тоа на мечеви што се под капата на УЕФА.

Пред Санчо и неговиот принуден молк како казна од челниците на Борусија и тоа со некакво објаснување дека не би потполно концентриран на играта, казнети со молк беа и играчите на Наполи.

Дури настрада и нашиот репрезентативец Елиф Елмас за дадена изјава за италијански медиум, па потоа и тој ги избегна македонските новинари по мечот со Израел со извинување дека не смее да говори.

Во втора декада од 21 век два клуба од Лигата на шампионите им забрануваат на играчите да говорат пред претставниците на седмата сила. И тоа во натпреварувања што се под капата на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести