Во Барселона не се грижат поради тужбата за поткуп, си договорија летно засилување

Во моментите кога Барселона се соочува со обвиненија за мито, управата на каталонскиот тим денеска си договори засилување за следната сезона.

Ињиго Мартинес, дефанзивецот на Атлетик Билбао, ги договори личните услови со Барселона и од 1 јули ќе пристигне на „Камп ноу“ како слободен играч.

Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека сите детали се договорени и е потпишан преддоговор.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, сакаше да го ангажира Мартинес уште минатото лето, но не успеа да најде заеднички јазик со управата на Атлетик околу отштетата.

Иако ги договорија сите услови, тоа не мора да значи дека и Мартинес следната сезона ќе игра за Барселона бидејќи клубот доби тужба од шпанското обвинителство поради сомнителни исплати кон потпретседателот на Судиската комисија на Ла Лига.

Ла Лига вчера и зададе голем удар на Барселона бидејќи го поништи договорот со Гави.

- Оглас -

Најнови вести