Денеска 4.530 членови на генералното собрание на фудбалскиот клуб Барселона, треба да одлучат дали го прифаќаат новиот предложен амблем на Барса. Новиот предлог е сличен на стариот, со тоа што долниот дел и топката се поголеми, а се исфрлаат трите букви ФКБ.
Иако доста навивачи на Барселона се против менување на амблемот и повеќе им се допаѓа актуелниот, најверојатно ќе дојде до промена на логото, и ќе се прифати новото, кое е предложено од претседателот Жосеп Марија Бертомеу.
Одлуката е во рацете на 4.530 делегати. Освен гласањето за логото, на генералното собрание ќе има избор на нови членови на Бордот, ратификација на буџетот и поднесување финансиски извештаи за изминатиот период.