Во Белорусија не си маж ако се плашиш од вирусот!

Црногорскиот интернационалец, кој е член на белоруски ФК Минск, Огњен Роловиќ, не настапи на последниот меч на неговиот тим против Енергетик и даде интервју во кое раскажува каква е состојбата во единствената европска земја во која фудбалското првенство непрекинато се игра.

„Глупаво ми е што само тука се игра. Во Белорусија се однесуваат како пандемијата да е некоја обична, секојдневна појава и дека никој не треба да се плаши од вирусот. Чуден менталитет имаат, ако се плашиш од ситуацијата, за нив значи дека не си машко“, раскажува Роловиќ за „Дејли мејл“.

Англичаните зеле интервју од Роловиќ бидејќи само тој знае англиски. Во Белорусија нема социјални ограничувања, туку само совети до граѓаните да мијат раце и да водат сметка за држење дистанца. Таму има само еден починат од Коронавирус, 75-годишен актер.

„Тешко е да си ги фокусирате мислите на фудбалот. Не знаете каде биле другите играчи, со кого биле во контакт. Имаме договор и не може да кажеме не сакам да играм или не сакам да тренирам. Од друга страна, имате семејство кое стравува и треба да внимавате на контактите. Заробени сте помеѓу два огна. Мислам дека вакво размислување имаат 90 проценти од играчите, кога тие би се прашале, првенството би било прекинато“, вели Роловиќ.

Пред тоа и Бразилецот Ричард Данило Соуза, кој игра за Динамо Минск, рече дека лигата треба да биде прекината.

 

- Оглас -

Најнови вести