Во бизарна ситуација млад голман на Атлетико запиша сениорско деби како напаѓач (видео)

Атлетико Мадрид пред два дена играше контролка против Нумансија и славеше со 4-0, а на средбата се случи невидена ситуација.

Имено, 19-годишниот трет голман Антонио Гомис своето сениорско деби за Јорганџиите го запиша на позицијата напаѓач. Гомис беше принуден да истрча на теренот бидејќи Симеоне остана без други резерви по повредата на Марио Ермосо.

За ситуацијата да биде уште побизарна, Гомис играше во дресот на дефанзивецот Филипе со бројот 18. Ова е деби што вечно ќе го памети.

- Оглас -

Најнови вести