22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Во Данска се појави чудо од играч за кого допрва ќе се чуе, запаметете го неговото име (Видео)

Фудбалерот на Хорсенс, Јепе Кјаер, со 16 години и 129 дена вчера даде гол против Хобро и стана најмлад стрелец во историјата на данското првенство. Но, тинејџерот Кјаер, кој игра со лева нога и потсетува на Норвежанецот Мартин Одегард, уште претходно го „снимија“ скаутите благодарение на трите асистенции кои ги имаше за 133 минути игра сезонава.

Ова се асистенциите на Кјаер:

https://www.youtube.com/watch?v=jXNQ_R8S7hQ

Се гледа дека станува збор за голем талент кој ако продолжи да се развива, може да стане најдобар фудбалер во Данска. Ова е неговиот дебитантски гол:

 

- Оглас -

Најнови вести