Дебар Маало има махер што ги фати италијанските пресврти, Кумановци се мераклии за седмици

Пандемијата со ковид-19 не ја сопре магијата и речиси секојдневно во Sport Life има добитни тикети со одличен ќар за обложувачите.

Овојпат не се милионски, но се многу слатки бидејќи се погодени натпревари со големи коефициенти во играта со пресврти 2 во 1 на тикет уплатен во Дебар Маало и 7+ на два натпревари што се уплатени во Куманово.

ИЗГЛЕДА ЛУДО, ИЗЛЕЗЕ ДОБИТНО СО ДВА ПРЕСВРТИ ВО СЕРИЈА А

Удинезе приреди голем подвиг против шампионот на Италија, Јувентус, и негативата на полувреме ја сврте во своја корист за победа од 2:1. На пресвртот на кој малкумина се надеваа и веруваа му кумуваше и Илија Несторовски со гол за 1:1 во 52-рата минута, а Секо Фофана во последните моменти го нокаутира фаворитот за победа од 2:1 и за погоден тип во скопско Дебар Маало 2 во 1 со коефициент 50.

Кога сака, сака, а тоа се потврди и на вториот типуван меч со пресврт 2 во 1 што се играше подоцна. Џовани Симеоне во последните моменти од првото полувреме му донесе предност на Калјари во Рим против Лацио, таман за радост на храбриот обложувач што уплатил тикет во Дебар Маало со двата италијански пресврти и за влог од 40 денари си доби 42.000 денари.

Набрзина, само за 13 минути во второто полувреме, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Чиро Имобиле со по еден гол направија пресврт, а Лацио победи со 2:1 за погоден коефициент од 21 во Sport Life.

Неверојатен тикет, што ретко се игра и уште поретко се погодува, но овојпат се склопија сите коцки во мозаикот и Дебармаалци можат да се пофалат дека имаат мајстор што во ист ден на добитен тикет погоди два пресврти со вкупен коефициент од 1.050.

НА КУМАНОВЦИ МАЛКУ ИМ ЕДНА СЕДМИЦА, ФАТИЈА ДВЕ ЗА ЌАР ОД 48.000 ДЕНАРИ

Обично се чека седмица на Лото, но обложувач во Куманово се решил да „брка“ седмици и во Sport Life, и тоа две на ист тикет и си ќари одлична добивка од 48.000 денари за уплата од 200 денари.

Ливерпул го очекуваше пехарот во шампионската ноќ на „Енфилд роуд“ и го прослави со фестивал од голови против Челзи. И гостите од Лондон беа расположени, па конечниот резултат од 5:3 за новиот англиски првак совршено се вклопи со типот 7+ на тикетот уплатен во Куманово. Коефициентот беше 20, па сега останаа СПАЛ и Рома на мечот што почна половина час подоцна да ја исполнат високата кота од голови за добитен тикет.

На полувреме имаше три гола, а гостите заминаа на одмор со предност од 1:2. Се чини дека ја имаат победата в раце и немаат многу мотиви за да продолжат ефикасно, но Португалецот Паоло Фонсека нареди офанзива и во второто полувреме.

Продолжението почна одлично и за 300 секунди, од 47-мата до 52-рата минута, имаше уште два гола, па фалеа уште толку за добитен тикет во Куманово.

Бруно Перес погоди за 1:5 во 75-тата минута, а време за уште еден гол има доволно. Тој конечно го постигна големиот талент на италијанскиот фудбал Николо Заниоло, и тоа во 90-тата минута, за втора седмица на добитниот тикет, италијанската со коефициент 12.

Вкупно квотата е 240 во Sport Life, а добивката за 200 денари е 48.000 денари. Мајсторски одиграно и во Скопје и во Куманово, на игри што се ризични, но имаат големи коефициенти и носат супер добивки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести