Во редовите на Џенова се појавија уште два позитивни случаи на ковид-19, на веќе 14-те пријавени од претходно. Се работи за фудбалерите Петар Брлек и Миха Зајц, па за наша среќа Горан Пандев не е меѓу заразените и натаму сме опстимистични дека „Гранде“ ќе се приклучи на македонската репрезентација за обврските во Лигата на нациите.
Корона-вирусот се рашири во тимот на Џенова по дуелот со Наполи, а во екипата чиј член е Елиф Елмас засега има еден позитивен случај.
ВО меѓувреме дуелот Џенова – Торино е одложен со оглед на тоа дека Џенова нема доволно играчки кадар, но исто така одложувањето е поради превентивни мерки.