Во двата меча во МЛС, сите четири екипи ќе дадат барем по еден гол

Аргентинос јуниорс – Колон (2:30 ч.)

Дерби на две екипи од Аргентина во осминафиналето на Судамерикана купот. Пред една недела, Аргентинос изненади и на гости со 1:0 славеше, па сега има капитална предност во реваншот пред своите навивачи. Тоа што имаше само еден гол во првите 90 минути не е случајност, бидејќи традицијата вели дека кога играат овие клубови, не се очекуваат многу погодоци.

На последните девет меѓусебни пресметки немало повеќе од два гола на дуел, па најреално е така да биде и овојпат.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.77)

 

Синсинати – ДЦ јунајтед (2 ч.)

Синсинати е последнопласиран тим на Источната конференција, но со две победи на последните два меча, покажа дека има квалитет. ДЦ јунајтед е тим кој може да се бори и за првото место на Истокот, но по киксовите во последните три меча и само еден освоен бод, разнишана е самодовербата.

Гостите во своите редови имаат фудбалер како Вејн Руни, кој многупати досега покажал дека и со еден потег може да го одведе тимот до триумф.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.28)

 

Портланд – Орландо (4:00 ч.)

Две екипи се надвор од плејоф-зоната, но не се без шанси да стигнат до разигрувањето. Портланд е екипа која во досегашните 18 меча, само четири пати играше дома, па сега оваа екипа треба да собира бодови од мечевите пред своја публика. Орландо не се предава толку лесно на гости и има три победи и три ремија во 10 дуели.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал, сакаат да даваат, но и примаат голови, па освен предност за домаќините, тука се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.91)

 

Бразил де Пелотас – Парана (2:30 ч.)

Кога се работи за меч од втората бразилска лига, тоа е знак дека се очекува атрактивен меч со голови. Во пет средби на свој терен, Бразил де Пелотас има две победи и три порази, што не е некој биланс за фалење. Парана на четири дуели на гости има гол-разлика 7:8, што само потврдува дека головите се неизбежни.

И четирите досегашни натпревари на овие екипи носеле барем по два погодоци, па и овојпат се очекува да се тресат мрежите во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести