Во едно од најголемите светски дербија фудбалер удрен со риба во глава (Видео)

Расинг клуб на домашен терен минимално со 1:0 го победи Индепендиенте во меч кој ќе се памети по еден неверојатен инцидент. Пред крајот на мечот, фудбалерот на гостите Леандро Фернандес трчаше во близина на трибината каде што беа навивачите на Расинг, кога изненадно беше погоден со риба во главата.

Неверојатно делуваше фактот дека некој од навивачите од трибините фрли со риба, и тоа толку прецизно што го погоди фудбалерот во лицето.

Мечот беше прекинат, а лекарите му дадоа прва помош на Родригез. За среќа, фудбалерот не беше потешко повреден и можеше да продолжи доигрувајќи го целиот натпревар.

Ривалството меѓу Индепендиенте и Расинг трае повеќе од 100 години, а стадионите на овие два тима се наоѓаат само на неколку стотина метри растојание.

- Оглас -

Најнови вести