Во Ѓорче ќе има лавовска битка за прекин на црната серија на два поранешни шампиони

Македонија Ѓорче Петров и Силекс денеска од 14 часот во Скопје ќе го играат премиерниот меч од 22. коло во Првата лига, а и двете екипи очајно чекаат победа долг период.

Лавовите кои се домаќини и се фаворити и дуелот со Силекс го чекаат со негативна серија од пет меча на кои не победија. Со низата неуспеси си го загрозија третото место, а се далеку од битката за титулата со 11 бода помалку од Шкендија и пет од Шкупи.

Силекс е во уште полоша форма, со 7 натпревари без победа, серијал што ги лизна кратовци на деветтото место, што би значело дека би играле бараж за опстанок во Првата лига.

Двете екипи не одиграле нерешено на последните пет меѓусебни дуели, а и денеска во дуелот на поранешните шампиони на Македонија ремито не им одговара ниту на домаќините, ниту на гостите од Кратово.

Утре од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари од 22. коло во ПМФЛ.

Двојки, денеска, 14 часот: Македонија Ѓ.П. – Силекс

Утре, 14 часот: Шкендија – Ренова, Вардар – Струга Трим Лум, Шкупи – Работнички, Пелистер – Борец, Беласица – Академија Пандев.

 

Табела: Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 33, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25, Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12. 

- Оглас -

Најнови вести