Во Хрватска хорор како пред 14 години, среќа не заврши со трагедија (Видео)

Младиот хрватски фудбалер Филип Панџа имаше среќа во несреќа на фудбалскиот терен. На меч од пониските лиги во Хрватска, Панџа со главата удир директно во ѕидот кој беше покрај теренот и тешко се повреди.

Немоќниот фудбаер остана да лежи на тревата, а брзо реагираа лекарите. Десетина минути траеше лекарската помош, а на крајот 18-годишниот тинејџер стана и самиот го напушти теренот. Несреќниот момент може да го погледнете на 1:31:50 од видеото.

Оваа потресна слика потсети на трагедијата која во хрватскиот фудбал се случи пред 14 години. Тогаш Хрвоје Чустиќ, фудбалерот на Задар, удри со главата директно во ѕидот и остана да лежи на тревата. Неколку дена лекарите се бореа за неговиот живот, но Чустиќ на крајот не успеа и почина на 24 години.

- Оглас -

Најнови вести