Во Ирска за време на пливањето починаа двајца ултра триатлонци

Двајца учесници на Ајронмен (Челичен човек) натпреварувањето во ирскиот град Корк починаа за време на пливањето.

Лекарите реагирале брзо, се обидувале да ги спасат, но не успеале и само констатирале смрт.

Инаку, Ајронмен е ултра триатлон, кој е многу напорен дури и за најспремните, и се содржи од 3.800 метри пливање, 180 километри возење со велосипед и 42.195 метри трчање.

- Оглас -

Најнови вести