Во Италија има забрана да се излегува на улица, а Ериксен беше избркан на улица

Кристијан Ериксен во зимскиот преоден рок направи трансфер и од Тотенхем се пресели во Интер. Само неколку недели подоцна, ситуацијата во тој дел од Италија стана најкритична во цела Европа, бидејќи таму е епицентарот на Коронавирусот.

Откако беше прогласена Пандемија, во Италија се воведе забрана за излегување на улици, а луѓето може да излегуваат само ако треба да одат на работа, или до аптека или супермаркет. Во таква ситуација кога никој не смее да излегува на улици, Ериксен неочекувано се најде на улица.

Од доаѓањето во Милано, данскиот репрезентативец имаше задача да си најде куќа каде ќе живее, а додека тоа не го среди, неговиот дом беше во еден хотел. Сепак, во Италија беше донесена одлука сите хотели да се затворат во следниот период, па Ериксен неочеквано остана на улица.

За среќа, луѓето од Интер брзо реагираа и веднаш му најдоа дом на Ериксен за следните две недели, колку што трае и забраната за работење на хотелите.

- Оглас -

Најнови вести