Во Италија се бесни: Про Пјаченца играше проформа колку да не биде исклучена од Лигата

Станавме лига за неодговорно однесување на разноразни компании, кои си поигруваат со рејтингот на италијанскиот фудбал, што не смее да продолжи. Во иднина секоја екипа што не ги исполнува стандардите за настап, ќе биде исклучена без исклучок, најави Франческо Џирели, првиот човек на Про лигите на „Чизмата“, или популарната Серија Ц.

Ова доаѓа по шокантниот резултат на натпреварот меѓу Кунео и Про Пјаченца, што заврши со неверојатен резултат од 20-0 за домашната екипа.

Про Пјаченца имаше само 8 играчи на теренот со цел да избегне исклучување од Лигата, бидејќи претходно не одигра неколку натпревари. Популарните „росонери“ немаат пари, но и не сакаат да прекинат со натпреварување, па им се случи вистинска бламажа и пораз со разлика од 20 голови.

„Нарушено е спортското достоинство. И тоа намерно. Нема да го дозволиме тоа, некој да си поигрува со огромното реноме на италијанскиот фудбал. Во иднина ригорозно ќе ги казнуваме ваквите појави и екипи што немаат услови да играат, воопшто и нема да ги почнат првенствата“, вели Џирели.

Про Пјаченца веќе има една казна од Италијанската фудбалска федерација и беше минусирана 8 бодови и ѝ нема спас од испаѓање од Серија Ц група А, но одбива да прекине со натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести