Како може „росонерите“ во Италија да загубат со 20-0?

Мечот од третата италијанска лига меѓу Кунео и Про Пјаченца доби медиумско внимание низ цела Европа откако на крајот домаќините победија со 20-0. Причина за ваквиот убедлив пораз на гостите е фактот дека тие настапија само со осуммина играчи. Во записникот стоеја само седум имиња кај гостинскиот тим и сите биле од 16 до 19 години.

Про Пјаченца е во тешка финансиска криза и поради тоа што играчите не добиле плата, најголемиот дел од нив си заминаа како слободни играчи и сега го тужат клубот. Про Пјаченца го носи истиот прекар како Милан, па ги викаат „росонери“. Поради лошата економска состојба, тие веќе имаа неколку меча кои не ги одиграа, па доколку денеска не се појавеа на теренот, ќе беа исклучени од лигата.

Интересно е што Кунео уште во првото полувреме даде дури 16 голови, а домаќините имаа милост, па во вториот дел дадоа само четири гола за конечни 20:0.

- Оглас -

Најнови вести