Во Италија се најавува бомбастична трампа на тренери

Преселбата на Маурицио Сари од Лацио во Аталанта е речиси завршена работа, исто како и тоа дека нов тренер на лацијалите на местото на Сари ќе биде Џенаро Гатузо, но главната „бомба“ може да биде ако се обвистинат шпекулациите на италијанските медиуми за трампата Алегри-Конте.

Наводно Масимилијано Алегри ќе си оди од Милан и преговара со Наполи, а Конте и официјално се раздели со наполитанците и како негова следна дестинација се спомнува Милан.

Конте посакуваше да биде селектор на Италија, но од тоа нема ништо, а Росонерите во него гледаат идеална замена за Алегри кој имаше разочарувачки пласман, Милан не успеа да влезе во Лигата на шампионите што беше цел на клубот. Конте има титули со Јувентус и Интер, сега можеби ќе се обиде и со Милан, што би било историски подвиг, некој да стане првак со трите најголеми клубови во Италија.

- Оглас -

Најнови вести