Во Ивањица „цркнаа“ рефлекторите, па „светна“ спектакуларен гол (Видео)

Технички проблеми на стадионот во Ивањица придонесоа средбата од српската Суперлига помеѓу домашниот Јавор и Напредак Крушевац да биде прекината 10 минути. При резултат 1-0 за Јавор, снема струја, рефлекторите се изгаснаа, па бидејќи се играше во вечерен термин, мечот мораше да биде привремено прекинат, но не за долго.

Публиката уживаше во фудбаска претстава со четири гола, од кои едниот, на домашниот играч Никола Кувељиќ во 65-та минута за 2-1, беше спектакуларен. Тој од голема далечина со левата нога испрати вистинска бомба кон голот на гостите и топката заврши во горниот агол. Ни пет голмани немаше да го одбранат ова.

Видете ги најинтересните моменти од средбата во Ивањица:

- Оглас -

Најнови вести