Бруно Фернандеш ја доби наградата „Мет Базби“ која Манчестер јунајтед ја доделува за најдобриот фудбалер во тимот за изминатата сезона. Португалскиот играч за врска блесна во црвениот дрес по преселбата од Спортинг Лисабон во јануари годинава, по што му беа доволни 22 натпревари за да го покаже својот квалитет.
Со 12 погодоци и 8 асистенции во вториот дел од сезоната 2019/20, Фернандеш го оправда секој цент од потрешените 55 милиони евра за неговите услуги. Бруно во Премиер лигата запиша 14 настапи, во кои реализира 8 гола и намести уште 7, статистика која му донесе место во најдобрата 11-ка во Премиер лигата.
Воедно, Фернандеш конкурира за најдобар играч во Лигата на Европа за минатата сезона, заедно со Ромелу Лукаку од Интер и Евер Банега од Севилја.
https://twitter.com/ManUtd/status/1306872588245884934