Во каква состојба е теренот на „Тодор Проески“ после дождовите? (Фото)

Една од негативните работи во претходниот октомвриски циклус поради кои македонскиот тим се мачеше, беше и лошиот нерамен терен на арената „Тодор Проески“, од нашата селекција и федерација, им се извинуваа на Романците за очајната состојба на теренот на нашиот најголем и најрепрезентативен спортски објект.

Теренот беше заштитен со тоа што на него немаше клупски натпревари периодов, тревата сигурно ќе биде во подобра состојба отколку на средбата со Романија, но на тест ќе биде дренажата. После сите овие врнежи од дожд деновиве во Скопје, теренот може да омекне и брзо после почетокот на мечот со Германија да се игра во кал.

Сепак, според фотографиите од синоќешниот тренинг на Рисовите, не може да се забележи некоја голема катастрофална состојба, и веруваме дека теренот ќе биде во пристојна состојба, за да се избегне да станеме мета и на германските медиуми, и цела Европа да дознае дека теренот во Скопје е многу лош.

- Оглас -

Најнови вести