Во Косово изречени жестоки казни за екипата која одби да ги прими медалите во финалето на Купот

Фудбалската федерација на Косово изречи жестоки казни за скандалозниот чин, кој се случи на финалниот меч од Купот на оваа земја. Дукаѓини победи со 2-1, а поразената екипа, Феризај од Урошевац, одби да ги прими сребрените медали, незадоволни од делењето на судиската правда.

Феризај е исклучен од учество во Купот на Косово во следните две сезони, а тројца функционери на овој клуб добија суспензии од шест месеци до една година. Тренерот доби казна од една година, а двајца фудбалери се казнети со четири, односно осум меча.

Сличен потег направи и тетовска Шкендија на финалето од Купот на Македонија против Силекс, откако екипата не се појави на свечената церемонија и не ги прими сребрените медали. Од ФФМ веднаш покренаа дисциплинска постапка, за која се уште нема одлука, а од таборот на тетовци се правдаа дека не се работи за бојкот, туку за недоразбирање.

- Оглас -

Најнови вести