На „Пушкаш арената“ во Будимпешта и по преку 100 минути игра нема победник, па Арсенал и ПСЖ ќе играат продолженија за трофејот од Лигата на шампионите, а можеби ќе има и пенали.
„Топчиите“ поведоа преку Каи Хаверц уште во шесттата минута, воедно тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.
ПСЖ долго се обидуваше да израмни, а шанса за такво нешто доби по стартот на Москера над Кварацхелија во 62-рата минута, бидејќи Сиберт без размислување покажа на белата точка.
Прецизен реализатор на пеналот беше Усман Дембеле, а на крајот се покажа дека тоа беше и голот кој ќе донесе и продолженија на овој меч.
Во Будимпешка сега ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути, а можеби ќе има и пенали. Ова ќе биде првпат по пауза од 10 години да нема победник во регуларните 90 минути. Последен пат тоа беше на финалето помеѓу мадридските ривали, Реал и Атлетико, во 2016 година на „Сан Сиро“ во Милано.

