ПСЖ е првата екипа која успеа да ја одбрани европската титула по Реал Мадрид, односно по цели осум години, откако дури по изведување на пенали славеше над Арсенал во финалето од Лигата на шампионите.
Мечот по 120 минути не го даде името на освојувачот на трофејот, беше 1-1, па се изведуваа пенали, а таму „рулетот“ застана на страната на „светците“ со 4-3.
Еберечи Езе промаши прв во втората серија, а ударот на Мендеш во третата серија беше сопрен од Раја. Моментот на одлука се случи во последниот, десетти пенал, кога Габриел го префрли целиот гол на ПСЖ и донесе голема радост кај противникот и тага во редовите на својата екипа.

