На „Пушкаш арената“ во Будимпешта се играат продолженијата од двапати по 15 минути, откако ПСЖ и Арсенал во регуларните 90 минути од финалето на Лигата на шампионите одиграа 1-1.
„Топпчиите“ поведоа преку Хаверц во шесттата минута, а Дембеле израмни од пенал во 65-тата минута.
Ваквиот расплет на настаните значи дека веќе е срушена една традиција, која траеше осум години. Последен пат двата финалисти постигнаа барем по еден гол во 2018 година, кога во финалето во Киев, Реал Мадрид го победи Ливерпул со 3-1.
Тоа воедно беше и последниот меч во серијата од осум на кои имаше голови во двете мрежи. Од тогаш, па се до вечерва во финалните натпревари погодуваа само победниците.

