Во Лига Европа, никогаш не се обложувајте против Севилја (Видео)

Севилја во Дуизбург ја совлада Рома со 2-0, и докажа дека не е случајно што има серија од 18 меча по ред без пораз, и дека не случајно андалузијците се најтрофеен клуб во Лига Европа. И римјаните имаа убава низа од осум натпревари без пораз, но вечерва налетаа на опасен ривал кој знае како е да се играат вакви мечеви.

Левиот бек на Реал Мадрид, Серхио Регилон, кој игра како позајмен за Севилја со убав соло-продор кој го круниса со својот трети гол во дресот на Севилја, го најави триумфот, а вториот гол го постигна Јусеф Ел Несири кој во Севилја дојде во јануари и веќе даде шест гола. Но, најголема заслуга за овој погодок има Окампос кој асистираше, а на Ел Несири му остана полесниот дел од задачата.

На „Бај арената“ во Леверкузен, Баер го победи Ренџерс со 1-0, и потврди дека е подобар тим од Шкотите, кои на првиот осминафинален меч ги победи во Глазгов со 3-1. Муса Диаби беше стрелец на голот. За Французинот, тоа е прв погодок на европска сцена.

Ова е голот на Регилон со кој Севилја си го отвори патот до следната фаза:

https://twitter.com/i/status/1291427789737005056

- Оглас -

Најнови вести