Во Мадрид ќе се крои судбината на титулата во Ла Лига, 26-тото коло на Спортска прогноза е суперинтересно

Атлетико и Реал ќе го играат дербито во Ла Лига што може да ја скрои и судбината во трката за титулата во Шпанија, особено ако домаќинот победи на својот стадион „Ванда Метрополитано“.

Во тој случај Јорганџиите би му побегнале на Реал за 8 бода со меч помалку, што ќе биде голема разлика, а и најмалку би останале за пет бода пред Барселона, исто така со еден дуел помалку од Каталонците.

Шпанското дерби е на менито на новото 26-то коло на Спортска прогноза, што е вистински предизвик да се обидете со вашите типови да стигнете и до супернаградата „ајфон 11“ што ја доделуваат Sport Life и Спорт Манија за погодени 13 пара.

Во оваа рунда на Спортска прогноза има уште многу дерби-дуели и интересни мечеви, а во фокусот ќе биде и манчестерската пресметка меѓу Сити и Јунајтед во недела од 17.30 часот, или час и 15 минути по мадридското дерби.

Можете да се вклучите со свои прогнози до 15.30 часот во сабота, кога ќе почнат двата меча од Бундеслигата меѓу Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен и Хофенхајм против Волфсбург.

Во сабота привлечен ќе биде и дуелот меѓу Јувентус и Лацио, а и последниот меч во оваа рунда на Спортска прогноза е од Серија А. Во понеделник ќе играат Интер и Аталанта, па можеби и тој меч ќе се чека за „ајфон 11“.

Приклучете се, играта е забавна и бесплатна со одличен фонд на награди!

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести