Во Формула 1 утрово гледавме целосна доминација на Ферари и лесна победа на Шарл Леклерк, а ако може да им се верува на квотите од Sport Life, во Мото ГП ќе биде далеку поинтересно и повозбудливо.
На програмата е трката за големата награда на Америка која ќе се вози на патеката патеката во Остин, Тексас а стартот е закажан за 20 часот по Средноевропско време.
Хорхе Мартин од Примак рејсинг ќе стартува од пол позицијата а квотата за негова победа е „најмала“ и изнесува точно 4.00 а интересно е што втори фаворити со по коефициент од по 5.50 се Франческо Бањана кој ќе стартува трет, како и Марк Маркез кој со моторот од Репсол Хонда ќе тргне дури од деветтото место.
Австралијанецот Џек Милер следува зад нив со квота од 6.50. Додека, пак актуелниот првак, Фабио Квартераро кој беше шестопласиран во квалификациите има коефициент од 7.50.